Видео: „Бел“ напад врз претседателскиот кандидат Мануел Валс
Објавено во: Свет 22 Декември, 2016
Претседателскиот кандидат Мануел Валс додека водеше настан од изборната кампања во Стразбур од страна на студент беше нападнат кој врз него истури вреќа со брашно. Поводот за нападот е користењето на ингеренциите на Владата со кои може да носи закони без гласање во Собранието, а доколку предлогот не успее автоматски значи паѓање на владата.
Валс како премиер овие ингеренции ги искористи дури шест пати, а сега како кандидат за претседател и кандидат на Социјалистичката партија најави нивно укинување.