09 Октомври, 2024
0.0247

(ВИДЕО) БИ ИМАЛО ЛИ ЖИВОТ НА ЗЕМЈАТА АКО ТАА БЕШЕ РАМНА?

Објавено во: Стил 28 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber


Сѐ уште има луѓе кои тврдат дека Земјата е рамна и покрај научните докази кои јасно укажуваат дека тоа не е вистина. 

Само три минути биле потребни да се побие таа теорија. Ова видео дава одговор на многу прашања,меѓу кои како би делувала силата на гравитација доколку Земјата е рамна, дали би постоелевременски зони и годишни времиња и на крајот дали воопшто би имало услови за живот?

За почеток, доколку земјата би била рамна:

-заборавете на пешачење и шетање на рамна плоча, затоа што гравитацијата едноставно тоа не би го дозволила, пишува 100posto.

Дали би постоела гравитација на рамна плоча? Секако дека да. 

Кога Земјата би имала облик на палачинка, гравитационата сила би нѐ туркала кон средината на палачинката. Како што би се тргале од средината, силата би била сѐ појака и силно би нѐ влечела назад кон средината. Додека би оделе по рамна плоча, би имале чувство дека се искачуваме на брдо кое со секој нов чекор станува пострмно и пострмно.. Во моментот кога би успеале некако да стигнеме до работ на земјината рамна плоча, силите кои нѐ влечат према доле и наназад би станале еднакви.

Целата вода би била во средината на Земјата.

Според една теорија по која Земјата е рамна плоча, Сонцето се врти околу Земјата. а не обратно. Но, што всушност би се случувало доколку Сонцето навистина кружи околку Земјата, како Месечината? При такво сценарио никогаш не би страдале од екстремниот умор кој го чувствуваме на крајот од долгиот лет низ неколку временски зони. Причината е едноставна- временските зони не би постоеле. Сонцето истовремено би ги осветлувало и горниот и долениот дел на планетата. Имајќи предвид дека сончевата светлина постојано ја осветлува Земјата, не би имало циклус на промена на ден и ноќ.

Не би имало промени ни на годишни времиња, ниту помрачување на Сонцето. Сонцето, во тој случај, само по себе би морало да биде многу помало затоа што во спротивно би ја спржило Земјата.

Но и кога би било помало, во секој случај би ја спржило рамната плоча, затоа што на неа не би имало магнетно поле кое би ја штитило од Сончевото зрачење.