(ВИДЕО) Борисов пречекан со сите почести во Владата, Заев: Да се знае кои се најголемите пријатели
Објавено во: Македонија 01 Август, 2019
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, претпладнево беше пречекан во Владата во Скопје со сите државни почести.
Неговиот домаќин, премиерот на Македонија, Зоран Заев, во една прилика во неговиот кабинет побара уште едно фотографирање на поздравот со Борисов и при тоа му рече „Да се знае кои се најголеми пријатели“.
Се очекува заедничка прес-конференција, а потоа на дневната агенда е и оддавање почит на националниот херој Гоце Делчев и откривање на споменик на бугарски народен херој во Дојран.