(ВИДЕО) ДА СЕ ФОРМИРА НОВА ЈУГОСЛАВИЈА: Како ќе изгледа демографски, религиски, територијално?
Објавено во: Балкан 28 Јануари, 2018
Aвторот Џозеф Писенти направи анализа за тоа како би изгледала реунифицирана Југославија.
Писенти ги сумираше евентуалните факти кои би ги чинеле ново-старите основи на државата. Прв проблем на кој наишол е колку држави би ја сочинувале новата Југолавија, шест или седум. Секако тоа зависи од тоа кого би го прашале, државите кои го признале Косово или државите кои не ја признале некогашната српска покраина. Тој наведува дека околу 2,4% од територијата на Босна и Херцеговина лежи на мини, токму поради војната за независност. Ако Југославија по некое чудо повторно се роди би имала близу 21.412.000 жители, што ја става во 10-те најголеми држави во Европа кога е во прашање популацијата. Југославија би била на осмото место, зад Полска и пред Романија. Познатиот јутјубер потсетува дека новата Југославија би имала помалку жители отколку во 1991 година кога се забележани 23.230.000 жители. Според него, сите сегашни држави, освен Македонија, имаат негативен природен прираст.
Религиски, Југославија би ја чинеле 43 отсто православни, 27 отсто католици, 22 отсто муслимани и осум отсто атеисти и други помали верски групи.
Пет најголеми градови би биле Загреб, Белград, Сараево, Скопје и Љубљана, со тоа што само Загреб и Белград би имале повеќе од милион жители.