18 Мај, 2024
0.0299

(ВИДЕО) Данела го урна знакот „Ја сакам Кисела Вода“, а Ѓорѓиевски вети дека тој ќе биде вратен

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вели дека покажувањето сила кај него не поминува, а знакот„Ја сакам Кисела Вода“ ќе биде повторно вратен. 

Вели дека не сакал да влегува во конфликти и бил воздржан. 

З„а жал, малодушноста и незрелоста на поединци резултираа со тоа да бидам принуден да влезам во одреден конфликт со луѓе кои во отсуство на проекти и визија, а полни со гнев и желба за ситен политички реваншизам, се трудат по секоја цена да ја изиграат волјата на моите сограѓани“, напиша на Фејсбук градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој упати јасна порака дека е „човек кој својот легитимитет го црпи директно од граѓаните и кај кој не поминуваат притисоци и вакви малодушни потези“.


„Целата иницијатива за поставување на светлосната табла ,,Ја сакам Кисела Вода”, по урнекот на неколку европски градови и општини, потекна од жителите на општината, кои за ова непосредно ме информираа. Почитувајќи ја нивната волја, пред пет месеци испративме барање до Градот Скопје, за кое добиме усмено одобрување, но на писмено, до денешен ден, немаме буквално никаков одговор, што според закон, значи премолчено одобрување. Токму затоа, дозволивме нашата општина да биде разубавена со оваа табла која е целосно финансирана од граѓаните. Ова утро, едно од човечињата во Градот (генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров), наместо да се јави и да се заинтересира до каде е остварувањето на ветената меѓуопштинска соработка и договор за асфалтирање на улиците во Усје, наместо да информира зошто нема ниту милиметар напредок во градбата на Усјанскиот канал, чија реализација беше аминувана на Советот на град Скопје, но закочена од Арсовска, да пројави интерес да се запознае макар со еден стопанственик во индустриската зона Пинтија (преговори кои треба да ги реши Градот, а ги посредуваме ние, како општина Кисела Вода, бидејќи од страна на Град Скопје нема кој да се сретне со овие лица) бидејќи поради тоа нема ниту една експропријација неопходна за проширувањето на булеварот Борис Трајковски, наместо да даде одговор зошто во изминатите неколку недели прави опструкции за реализирање на проекти во општина Кисела Вода под ингеренции на Градот или јавните претпријатија во негова надлежност, тој, се занимава со рушење на светлечка реклама, платена од нашите жители“, пишува Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Инаку, на социјалните мрежи се појави видео каде граѓани негодуваат затоа што се отстранува знакот. 


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“