09 Октомври, 2024
0.0260

(ВИДЕО) Девојка останала без гориво во опасен дел од градот: Бездомник и ги дал последните пари, а таа ...

Објавено во: Стил 31 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Кејт Мек Клур (27) се возела една вечер кон Филаделфија и поради својата невнимателност останала без гориво во автомобилот. Со оглед на тоа дека било околу 11 часот ноќта, многу се исплашила, но тогаш и пришол млад непознат маж кои и понудил помош да оди и да купи гориво.

Меѓут оа, девојката кај себе немала пари, но и тогаш момчето дополнително ја изненадило со својата добрина понудувајќи и ги последните 20 долари кои ги имал. Уште и ја посоветувал да седи и да се заклучи во автомобилот, а тој брзо ќе се врати со горивото и така и направил.

Кејт тоа не му го заборавила и неколку дена подоцна се вратила на истото место со нејзиното момче за да му се заблагодарат на помошта. Меѓутоа, откако се запознале, неговата приказна многу ги растажина. Имено, Џони бил во маринците, а се обучувал за болничар. По низа непознати околности кои го довеле до алкохол и други тешки зависности, воениот ветеран во 2014 та година завршил стотици километри од својот дом во Калифорнија. Живеел под мостот во Филаделфија.

По средбата со него, Кејт одлучила да покрене хуманитарна акција со цел да се соберат 10 000 долари за да му се помогне на несреќниот бездомник. Она што ги изненадило е дека во рок од две недели се собрани 11 пати повеќе пари отколку што планирале.