29 Април, 2024
0.0314

(ВИДЕО) ДИСЦИПЛИНСКА ЗА ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Гости во локал мавтале со пиштоли, а тие не презеле ништо

Објавено во: Македонија 18 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Дисциплинска постапка е поврдена за четворица полицајци од ПО Кривогаштани. 

Сопственик на кафуле побарал помош од полицијата затоа што во локалот неколку лица „мавтале“ со пиштоли, но откако пристигнале полицајците не преземале ништо. Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски најави дека е покрената дисциплинска постапка против четворицата полициски службеници од ПО Кривогаштани. Mинистерот објави и видео на социјалните мрежи. 

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за утврдување дисциплинска одговорност, против лицата Б.Б., Г.А., С.С. и Д.Т. – вработени во Министерството за внатрешни работи на работно место полицаец во ПО Кривогоштани. Имено, постапувајќи по претходна пријава на сопственик на угостителски објект на територијата на општина Кривогаштани, во која се вели дека во неговиот објект седат лица кои поседуваат огнено оружје – за што биле објавени снимки и на социјалните мрежи, претходно споменатите полициските службеници не извршиле одземање на оружје, претрес и легитимирање на лицата“, вели Тошковски.  

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, ги изврши сите неопходни проверки и притоа е утврдено дека со непреземањето на потребните мерки полициските службеници постапиле спротивно на Законот за полиција и со тоа извршиле потешко кршење на работниот ред и дисциплина. 

фото принтскрин


Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи