(ВИДЕО) Драма се случуваше кога на авион му експлодирале гуми
Објавено во: Свет 16 Јуни, 2019
Вистинска драма се случуваше кога на авион му експлодирале гуми.
На авионот Јунајтед ерлајнс му експлодирале гумите при слетувањето на аеродромот во Њуарк, а неколку патници се здобиле со лесни повреди.
Авионот на лет 627 од Денвер со 166 патници по експлозијата на гумите пролизгал на пистата додека не запрел, пренесува агенцијата АП.
Истрагата за причината на инцидентот кој се случил во саботата е во тек.