18 Мај, 2024
0.0262

(ВИДЕО) ЕРДОГАН ЗА CNN: Не заведувам диктатура, можам да умрам во било кој момент!

Објавено во: Балкан 19 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјавил во интервју за CNN дека уставните реформи не значат премин на диктатура, демантирајќи ги наводите дека тој нов систем е „како скроен за него“.

„Тоа не е систем кој му припаѓа на Ердоган. Јас сум смртно битие, можам да умрам во било кој момент“, рекол Ердоган и ги отфрлил обвинувањата дека ги поддржал измените од желба да ја зајакне својата моќ, а не да го унапреди политичкиот систем на Турција.

„Системот претставува промена, трансформација на демократска историја на Турција“, рекол тој во интервју дадено во вторникот на Беки Андерсон во претседателската палата во Анкара. Тоа, како напоменува CNN, е прво интервју кое Ердоган го дал после референдумот.


„Вистина, промените се големи. Но тоа не значи дека ќе станам диктатор. Таму каде е диктатура нема претседателски систем. А ова што го видовте во неделата се вика демократија. Јас тоа го викам волја на народот“, рекол Ердоган и кажал дека е „инаку фудбалер“ и затоа со „спортски жаргон ќе ја објасни моменталната ситуација“.

„Нема врска дали победиш 1-0 или 5-0, победа е победа“, рекол тој. 

На прашањето за односите на Турција и Европската унија, Ердоган потсети дека Анкара „цели 54 години стои пред вратите на ЕУ“.

„Од политичко гледиште, тоа едноставно не е подносливо. Се обидовме да ги исполниме сите нивни барања, но тие не ги одржаа своите ветувања. Ако ја променат политиката кон Турција, тогаш повторно можеме да седнеме на маса и да видиме што уште може да се направи“, рекол Ердоган и изразил задоволство што му стигнала честитка од американскиот претседател Доналд Трамп по повод резултатот од референдумот.

Можеби ќе ве интересира

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!