(ВИДЕО) ЕУФОРИЈА: Вардар слави за големата победа над Веспрем
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2019
Вардар оствари голема победа над Веспрем и ја освоија втората европска титула во својата клупска историја (27:24)
Неверојатниот успех, „црвено-црните“ го заслужија со доминација во првото полувреме (16:11) и голема борбеност во вториот дел, во кој Вардар го издржа налетот на Веспрем и на крајот стигна до слатката победа против уште еден фаворизиран противник. Овој резултат предизвика голема еуфорија кај навивачите.