(ВИДЕО) Еве како Словенците ги „ловат“ мигрантите
Објавено во: Балкан 11 Август, 2019
На границата со Хрватска, Словенците тргнаа во „лов“ на мигранти со самоорганизирани групи. Словенецот Блаж Зидар за телевизијата Н1 кажа дека секој ден покрај жичената ограда оди дури и по десетина километри.
„Освен што границата на некои места е пробиена, полицијата замижува на нелегалните преминувања“ – рече Зидар.
Вели дека не носи оружје, но со емигрантите физички би се пресметал во случај на напад. На границата со Австрија, група од 50-тина мажи кои се нарекуваат Штаерска стража, а ги предводи политичкиот маргиналец Андреј Шишко.