(ВИДЕО-ФОТО) ФРЛЕНА БОМБА НА ПОЛИЦИЈАТА: 25 000 луѓе ја блокираа Атина, хаос на улиците!
Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2015 13:07
Во Грција нема да има летови на домашните линии, бродовите се закотвени, а јавните институции ќе бидат затворени поради штрајкот против мерките за штедење.
Грците не се задоволни со мерките на штедење кои меѓународните кредитори ги бараат во замена за нов пакет помош.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/JoannaP___/status/664770028059942912?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Во болниците ќе работат само итните служби, а некои државни школи се затворени, бидејќи наставници, ученици, доктори, новинари и вработени во сообраќајни служби ќе му се приклучат на најголемиот штрајк оваа година на кој се повикани најголемите грчки приватни и синдикати од јавен сектор.
Штрајкот ќе биде прв тест за премиерот Алексис Ципрас, кој дојде на власт во јануари, ветувајќи дека ќе стави крај на мерките за штедење, а потоа прифати нови услови за трет пакет на помош, под закана за излез на Грција од еврозоната.
Ципрас после неколку месеци повторно е изберен, со овластување да го спроведе договорот, но со сериозни тешкотии да ги ублажи неговите последици.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/alterthess/status/664752885050302464?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]-Се бориме против владините мерки кои значат средновековни работни односи, ќе реагираме на сите мерки за штедење кои ги деградираат нашите животи-соопшти водечкиот синдикат GSEE, пренесува АФП.
Во штрајкот учествуваат и новинари, а се затворени и музеите и археолошко туристичките локации. Голем број луѓе се собрале на Плоштдот Синтагма во престлнината на Грција, пред парламентот, со транспаренти кои ја критикуваат владата и мерките на штедење.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/dtNsH09MGHY[/embed]Полицијата во Атина проценила дека околу 24 000 луѓе се наоѓаат на улиците на престолнината.
Во вториот најголем град Солун, демонстрантите ги заземале улиците и им се придружиле на своите сонародници во генералниот штрајк.
На протестот може да се види и голем број полиција за сузбивање на демонстрациите.
Во Атина се слушнала експлозија која одекнувала во градот, откако демонстрантите фрлиле бомба со бензин на полицијата на Плоштадот Синтагма. Полицијата пак фрлила солзавец на насобраните луѓе.
Штрајкот се одржува во моментот кога Европската унија, Европската централна банка, ММФ и Европскиот фонд за стабилизација вршат ревизија на реформите на кои Грција се обврзала.
Грција во јули прифати пакет помош од 86 милиони евра кои ја спасија од излегување од еврозоната, но е даден под строги услови.
Атина оттогаш усвои низа непопуларни мерки, но сега се наоѓа под притисок на кредиторите да го олесни активирањето на хипотеките на станови и куќи на оние кои не можат да платат станбени кредити, додека владата инсистира на креирање „сигурносна мрежа“ за најранливите домаќинства.
Дали верувате дека Грците со овој штрајк ќе успеат нешто да променат?
Можеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај












