Видео: Голи феминистки демонстрираа во упориштето на Мари Ле Пен
Објавено во: Свет 23 Април, 2017
Група на француски феминистки со голи гради и маски на Доналд Трамп и Мари ле Пен демонстрираа во градот Хенин Бумонт во Па де Кале каде се наоѓа најсилното упориште на ултра десничарската кандидатка за претседател на Франција.
Нивниот протест беше сопрен од страна на полицијата која веднаш ги приведе разголените феминистки кои се противат на политиките на Ле Пен против мигрантите.
Денес во Франција се одржува првиот круг од претседателските избори.