(ВИДЕО) Груевски побегна од унгарски новинар, не одговори дали работи во Будимпешта
Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2019
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој доби политички азил во Унгарија, денеска повторно беше пречекан од унгарски новинари во Будимпешта.
„Се извинувам, денеска нема да дадам изјава. Во некоја друга прилика ќе ти дадам изјава“, му одговари Груевски на унгарскиот новинар.
Новинарот инсистираше и му рече дека има само неколку прашања за него, но тој одби да зборува. Го прашуваше дали работи и како сега живее во Будимпешта.
Груевски се појавил пред зградата 444 на Булевар Магрит и влегол во еден од становите.
Инаку, Груевски својата оставка како пратеник ја депонираше преку нотар во Собранието, потврди спикерот Талат Џафери. Заверената оставка пристигнала во средата на 5-ти јуни.