ВИДЕО: Хаос во Шведска: Во Стокхолм затворија училишта поради снег
Објавено во: Свет 10 Ноември, 2016
Во главниот град на Шведска, Стокхолм затворија училишта поради навеви од снег.
Транспортен хаос владее, а има и затворени училишта поради силните снежни врнежи во Стокхолм.
Според локалните власти паднале 29 сантиметри снежна покривка, што е рекордно количество за месец ноември, невидена од 1905 година, пишува „Ројтерс". Снегот ќе продолжи во текот на целиот ден.
Многу автобуси се запрени, а летови се откажани или полетуваат со нарушен распоред. Училишта се затворени, бидејќи професорите и учениците не можат да стигнат до нив.