(ВИДЕО) ХАОТИЧНИ СЦЕНИ ВО АЛБАНИЈА: По најсилниот, тлото погодено од 340 дополнителни земјотреси
Објавено во: Балкан 23 Септември, 2019
Над сто луѓе се повредени, 600 куќи и згради повеќето изградени пред 1990 година се оштетени а жителите на Тирана , Драч и поедини области во западните и централните делови на земјата, едно време биле и без струја и вода.
Ова се последиците на најсилниот земјотрес кој во последните 30 години ја погодил Албанија.
После земјотресот од викендов, регистрирани се и повеќе од 340 дополнителни потреси.
Сцените од хаосот во соседна Албанија се со снимки на кои се гледа дека безмалку 100 училишта се оштетени, а од нив многу не се безбедни за користење.
Медиумите пренесуваат дека најмалку 500 луѓе ја поминале ноќта на улица во привремени засолништа.
Земјотресот беше со јачина од 5,8 степени и се случи во саботата. Го почувствуваа и делови во Македонија.
Во моментов експертите ја проценуваат штетата на куќите и зградите а подигнати се и дополнителни шатори за сместување на луѓето.
Exclusive: supermarket in #Albania after two #earthquakes #termet #Durres pic.twitter.com/mcfgvEMi1y
— Stefan in Kosovo (@StefanInKosovo) September 21, 2019
Oд друга страна албанскиот премиер Еди Рама, кој поради земјотресот го откажал патот во Њујорк на состанокот на Генералното собрание на ОН, денес се предомислил и сепак отпатувал.
-Денес е вообичаен ден во Албанија и одлучив да отпатувам во Њујорк, каде ќе се состанам со претседателот на САД и други шефови на држави или влади и личности. Во име на Албанија ќе зборувам во Генралното собрание на ОН-навел Рама.