(ВИДЕО) ХОРОР ПО УРИВАЊЕТО НА ЗГРАДАТА: По 18 часа извадено дете од под урнатините
Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2019
Oд шестокатницата која се урна во градот Истанбул вчера, спасувачите спасиле две деца.
Тие извлекле 5-годишно девојче и 9-годишно момче.
Девојчето Хава Текгоз е спасено откако 18 часа било под урнатините, а вечерта спасено е и едно 9-годишно момче.
Најмалку три лица загинале во несреќата, а 13 луѓе се спасени.Не се знае уште колку луѓе се наоѓаат под урнатините на зградата која се наоѓа во населбата Картал.
Зградата со 14 станови во кои живееле 43 лица се урнала во средата.
Се смета дека последните три ката се илегално изградени. Допрва ќе се утврдува што доведе до уривање на зградата.