(ВИДЕО) Инцидент пред џамија во Австралија, нов атак на муслиманите
Објавено во: Свет 17 Март, 2019
Австралијанец на возраст од 23 години со автомобил удрил во вратата на една џамија, и ова се случило неколку часа по нападот во Нов Зеланд.
Ова се случило во Квинсленд, во саботата околу 19 часот.
Откако удрил во вратата, ги навредувал верниците, а потоа си заминал дома.
Претходно тој бил запрен со возилото, тестиран за дрога, и се покажало дека резултатот е позитивен.
Од џамијата рекле дека овој инцидент е „случаен“, и дека не е поврзан со масакрот во двете џамии во Нов Зеланд.