Видео: Иновативен чадор за автомобил кога сте на излет
Објавено во: Економија 15 Април, 2018
Lanmodo Pro 4 е иновативен продукт наменет за луѓето кои често сакаат да прават излети во природа.
Со оглед дека се ближат првомајските празници Lanmodo Pro 4 може да биде идеално решение за користење како „чадор“ врз автомобилот, односно како еден вид на шатор кој автоматски се поставува, па така ќе може да уживате во природата, да го заштитите автомобилот од атмосферски влијанија, како и вас самите од дождови на отворено.
Lanmodo Pro 4 може да се нарача по цена од 279 долари во промотивниот период додека овој проект е во фаза на развој и собира средства преку јавно финансирање.