Добивај вести на Viber
Нема лек против нас, Брисел е само почеток, порачаа терористите на нова видео снимка.
Ужасното видео го прикажува белгискиот терорист Абу Ханиф ал Балјикиј, познат како Хичам Чаиб, како ликува (искажува победничко расположение) поради терористичките напади над бриселскиот аеродром и во метро, а потоа пука во тилот на еден човек во портокалова облека.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/vctv_images/status/713978717442293761?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]
На оригиналното видео, кое трае од 9 минути, се менуваат глетките на уништување и полициски рации во Брисел, а потоа џихадистот на француски, фламански и арпакси јазик порачува дека тоа само е предупредување. Потоа друг додава дека борбата ќе започне во „домовите, училишта, болници и јавни места“.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/DailyMirror/status/714011000278753280?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]
Хичам Чаиб, водачот на терористичката група Шарија за Белгија (Sharia4Belgium) ги обвинува Европејците и Западот за бомбардирање на Сирија, порачува „ќе ги убиеме вашите луѓе“ и додава дека Брисел е само зрно од она што следува. На крајот на снимката тој два пати пука во главата на наводен шпион а на крај се гледа телото на несреќникот на под.
Исламска држава објави уште едно видео во кое џихадистот Абу Омар ал Мухазир се радува поради крвопролевањето во Брисел и масакрот во Париз.
Алах ќе ги стави (бомбашите самоубијци) на највисоко место во рајот. Сакам да знаете, вие неверниците, дека наши војници се насекаде. Додека продолжувате да фрлате бомби, ние ќе колеме на вашите улици. Око за око, заб за заб. Немате лек за Исламска држава. Секој се се повеќе се шириме“, вели тој.
Снимките се објавени поради тоа што сириската војска со помош на руска воена авијација ги протерала терористите на ИСИС од античкиот град Палмира.