(ВИДЕО) Како челичен мост исчезна за неколку секунди?
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2014
Мостовите ги поврзуваат луѓето и се честа инспирација на уметниците и поетите аматери. Но, бидејќи анализата на експертите покажала структурни недостатоци на мостот „Innerbelt“ во Кливленд пред шест години, министерството за транспорт одлучи да го затвори за сообраќај и сериозно да поработи на неговата безбедност.
И покрај повеќе обиди, работите кои траеа до 2010 не се покажаа кака доволни за промена на стаусот, така да е донесена одлука овој мост долг 1.547 метри во неколку фази да се срамни со земјата.
И како во партизанските филмови, без оглед дали одлуката за рушење ја донесува друг Тито или некој друг, тешко е да се остане рамнодушен на сцената во која 82 килограми експлозиви во еден момент рушат 4000 тона челична конструкција.