06 Мај, 2024
0.0256

(ВИДЕО) Како охридски судија примил поткуп, а завршил само со условна казна

Објавено во: Македонија 24 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Во последните 12 години биле разрешени 43 судии, но само малкумина биле обвинети покрај губењето на функцијата.  Судскиот совет ги разрешувал судиите поради нестручно и несовесно работење, но ретко кога навлегувал подлабоко и утврдувал дали за чувањето на предмети во фиока, за ненапишани пресуди или намерно одолговлекување на предметите се крие и корупција или само нестручност и несовесност.

Ретко кога освен за нестручност, се водела подлабока истрага за евентуална корумпираност. Во изминатиот период биле судени десетина судии, но само двајца биле осудени за примање поткуп. Еден од предметите каде што се обвини тројца локални судии поврзани со водење на стечајна постапка и продажба на хотел, трае веќе 13 години.

Таков е и случајот со охридски судија кој се пазарел со странката да пресуди во негова корист. Осуден е затоа што примил поткуп од претставник на локално претпријатие за транспортни услуги, но нема да заврши во затвор, бидејќи неговата казна е условена. Тој не бил суспендиран и продолжил да ја врши својата судиска функција, речеиси цела година  и по правосилноста на прессудат против која се жалел пред битолскиот ашелационен суд.

Судијата Ристе Силјаноски, според пресудата на Основниот суд во Струга, потврдена со пресуда на Апелациониот суд во Битола, нема да заврши една година во затвор на колку што е осуден, доколку во наредните две години не направи ново кривично дело, заклучиле Основниот и Апелациониот суд, покажува истражувањето на „Парадокс“ во потрагата по „валкани судии“. 

Во меѓувреме вишиот јавен обвинител од Битола Зора Сотирова побарала пресудата да се преиначи и да биде само ефективен затвор, а не и услов, но судот го одбил овој предлог. Дали судиите во локалните средини се поподложни на корупција, затоа што во малите средини се знаат меѓу себе, можат често да се сретнат низ градовите и на тој начин да се впуштат во коруптивно однесување?

Детали за оваа сторија најавува „Парадокс“ во емисијата „Стадион“ на Канал 77. Утре во 10.00 часот открива што се крие зад чувањето предмети во фиока? Ненапишани пресуди или намерно одолговлекување на предметите? 



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува