26 Април, 2024
0.0308

(ВИДЕО) Крадците на велосипеди пустошат низ Скопје, полицијата немоќна ?

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

На крадците на велосипеди низ Скопје е извесно дека им цвета бизнисот. Секојдневно на социјалните медиуми поплаки за граѓаните кои ја обвинуваат полицијата дека си седи со скрстени раце.

Последното видео објавено на социјалните медиуми јасно покажува дека крадците очигледно немаат страв да го крадат превозното средство на многумина.

Досие.мк  објави видео снимка од зграда на улицата Орце Николов во центарот на Скопје каде за една вечер се украдени 4 велосипеди. 

Од видеото јасно се гледа дека крадецот насилно ја отвора вратата иако на една од снимките се гледа дека веќе е и разденето слободно шета и одбира кој велосипед да го земе.

-Дрскоста на крадците се гледа и од видеата дека ниту назорот поставен во понови згради не им смета да крадат, а бројот на пријавени украдени велосипеди во МВР секој ден е се поголем. Полицијата е немоќна, или што е проблемот?-прашуваат граѓани на социјалните мрежи.


Се крие колку случаи се решени со украдени велосипеди

-Од јануари до септември 2018 година регистрирани се вкупно 642 кривични дела “кражба“ на велосипеди. Дел од овие кривични дела се расчистени, а за дел се превземаат мерки за нивно целосно расчистување-велат за „Фактор“ од Министерството за внатрешни работи.

Крадците најчесто не се пребирливи за марката на точакот, односно дали тој вреди илјадници евра или пак многу помалку.

Многу од граѓаните коментираат дека голем дел од велосипедите што се наоѓаат на познатиот Канта пазар се крадени, потоа префарбани и се продаваат, па ни самиот сопственик на точакот може да се случи да не си го препознае својот.


Видео: Досие.мк/ фото принтскрин јутјуб

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“