(ВИДЕО) Лондон денеска беше во мрак
Објавено во: Свет 09 Август, 2019
Лондон беше во мрак, а националната агенција за електромрежи соопшти дека проблемот е отстранет, а причината била дефект на два генератора.
„Имаше проблеми со два генератора, што доведе до прекин на електричната енергија во одредени делови од земјата“, рече портпаролката на мрежата за електрична енергија, пренесе Ројтерс.
Прекин на електрична енергија имаше во делови од Лондон и југоисточна Англија.