(ВИДЕО) Луѓето го гаѓаа Курти со цреши затоа што постигна договор со Србија

Објавено во: Балкан 24 Ноември, 2022
Симпатизерите на Социјалдемократската партија го гаѓаа со цреши косовскиот премиер Албин Курти пред зградата на Владата каде што требаше да го претстави буџетот за идната година.
Тој потоа влезе во зградата преку таен влез, придружуван од обезбедувањето. Како што пишуваат медиумите, причина за гаѓањето е албанскиот договор со Србија за регистарските таблички.„Курти е заинтересиран вчерашната тема што поскоро да се заборави, бидејќи зад прифаќањето на некоја ситна тема, како што се табличките, се криеше едно големо прашање, прифаќањето на Заедницата на српски општини. Тие рокови требаше да ја потхранат сликата за отпорот кој не успеа. Премиерот го голташе секој нивен збор. Исто како во басната за цреши. Граѓаните на државата неселективно ја јадат штетата. Господине премиер, црешите се само за вас“, тврдат од СДП.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, денеска изјави дека е задоволен од договорот за регистарските таблички што беше постигнат вчера во Брисел, бидејќи ќе помогне да се надмине кризата. Додаде дека сега фокусот на разговорите ќе биде на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, пренесува РТВ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
СРПСКИ МЕТЕОРОЛОГ: Судир на силни антициклони ќе ни донесе зима на каква што не се надевавме
ВУЧИЌ СЕ СРЕТНА СО СВОЈОТ ДВОЈНИК: Од него доби и подарок

ВРАЧЕНИ МУ СЕ ДВЕ КАЗНИ: Приведен е српски политичар на Косово

ДУРИ 70 ПРОДАВНИЦИ И НАД ТРИ ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ ВО ЛИДЛ-СРБИЈА: Во Краљево и Златибор се отворија продавници

ОБДУКЦИЈАТА ЌЕ ОТКРИЕ МНОГУ ДЕТАЛИ, ЗАТОА Е КЛУЧНА: Еве што велат српските експерти за монструозното убиство на Вања

МЕШТАНИТЕ OД ГРЧКО СЕЛО ГЛАСАА ЗА ПРЕСЕЛУВАЊЕ: Не сакаат да страдаат од поплави

„ОВА НЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ СЛУЧИ“: Се огласи таткото на мала Тијана, кој се бореше да се донесе „Тијанин закон“ во Србија, Игор Јуриќ
