ВИДЕО: Миленко нема да се извини-„Бугарите се како кучиња кои маркираат територија“
Објавено во: Македонија, Балкан 29 Септември, 2016
Македонскиот водител Миленко Неделковски, откако ја искрши спомен плочата на бугарска воена делегација на врвот Кајмакчалан, даде интервју за бугарска НОВА во кое вели дека Бугарите се како кучиња.
„Бугарските активности се провокација. Бугарите се како кучињата, кои сакаат да ја одбележат територија од дрво на дрво, така велат – ова е наше. Не може да е бугарско, не може да е ваше“- изјави Миленко Неделковски.
Објаснува дека целта му била да се тргне нешто што е диво, криминално, нелегално, што е поставено без дозвола на македонските власти. Според него, вандализам е кога влегувате на странска територија без дозвола.
„Влегле од Грција оние Бугари, кои биле облечени во униформи. Влегувајќи во униформа, тоа е чин на агресија. Кога министерот за одбрана ќе каже дека тој нема да ги казни, а ќе ги награди за тоа што влегле така, тоа е вандализам. Тоа е агресија. Тоа е провокација“ - додава Неделковски.
Неделковски ја обвини бугарската држава во обид за провокација и негираше дека се обидува сам да прави провокација. Вели дека неговата реакција е рекација на македонската страна. Вели дека Македонците си имаат своја историја и дека на Кајмакчалан не загинале само Бугари.
Од НОВА споменаа дека Неделковски е близок до власта и дека ова го прави за политички цели во Македонија. За нив ова е чин на национализам.