(ВИДЕО) „Накрцан“ автобус на ЈСП предизвика реакција кај Влатко Ѓорчев
Објавено во: Македонија 06 Април, 2020
Пратеникот Влатко Ѓорчев сподели видео од, како што се вели популарно меѓу скопјани, „накрцан“ автобус на ЈСП и упати обвинување до градоначалникот Петре Шилегов дека волку голем број на граѓани да се најдат во тесен и затворен простор.
„До Владата и Шилегов: Како да се држи растојание 1 метар??? Оставка !! Ги ризикувате ЖИВОТИТЕ на ИЛЈАДНИЦИ луѓе. Ова е ФИЈАСКО. Ве молам СПОДЕЛЕТЕ“, напиша Ѓорчев.
Не е познато каде и кога е направено видеото, но општоприфатливо мислење е дека голем број на граѓани се уште го користат јавниот градски превоз и покрај епидемијата со корона вирусот.
Се работи за автобус со број „22“ кој сообраќа од Волково до Транспортен центар.