(ВИДЕО) Не е само Турција, силен земјотрес регистриран во уште една земја
Објавено во: Свет 08 Август, 2019
Земјотрес од 6 степени по Рихтер го погоди североисточниот дел на Тајван.
Епицентарот бил лоциран на десет километри во внатрешноста на земјата.
Загина една 60 годишна жена врз која паднал плакар.
На едно видео од камери во приватен стан се гледа дека мачки го почувствувале земјотресот неколку секунди пред ударот.
Дел од железничките линии во земјата се во прекин. Земјотресот се случува во денови кога островот се подготвува за удар на неколку тајфуни. Силен земјотрес денеска ја стресе и Турција.