19 Мај, 2024
0.0355

(ВИДЕО) НЕМААТ ПРОБЛЕМИ СО СНЕГОТ: Еве како чистат наноси од 30 метри

Објавено во: Свет 06 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Јапонците без мака расчистуваат и триесетина метри снег. 

Планината Татејама, висока околу 3.000 метри, не е популарна само поради висината. Таа е едно од најпопуларните излетнички места на светот, и тоа само поради снегот.

Илјадници луѓе секоја година плаќаат голема сума пари и патуваат со часови само за да ги видат снежните тунели на планината. Планинскиот синџир Хида, во средна Јапонија, бележи и до 38 метри снег на годишно ниво.

За сето тоа заслужен е студениот сибирски воздух кој преку Камчатка се спушта кон Јапонија и попатно собира огромна количина влага од блиските мориња.

Еднаш кога ќе се сретнат со јапонскиот планински синџир, паѓа снег во скоро незамисливи количини. Популарно одморалиште се изворите со термална вода Сикаи Онсен, кои се наоѓаат токму на тие планини и поради кои гостите може цела година да го посетат ова одморалиште.

„Некој и тоа мора да го работи“- изјави Такума Игараши, возач на снежно моторно возило, за порталот Atlas Obscura, кога минатата година фотографијата од исчистениот пат воодушеви голем број луѓе.

Тој веќе дваесет години го чисти снегот секоја зима, а повремено мора цела ноќ да работи за патот да биде чист во 6 часот наутро кога првите работници одат на работа.

Патот до Кукаи Онсена популарно се нарекува Снежен кањон поради триесетина метри високиот нанос снег.

Освен луѓето, за чистиот пат најодговорни се компресорите за снег. HTR608, производ од „Ничија“, има мотор од 608 коњски сили и може да исфрли снег до 15 метри висина за патеката да  биде исчистена. Но, пред тој да почне со работа, мора и другите  да си го одработат својот дел од работата.

Кога ќе паднат по неколку метри снег и кога од патот нема да се гледа ни најмала трага, првин треба да се открие каде се наоѓа патот.

Булдожерот опремен со ГПС првин прави груб нацрт на патеката, под неколку метри снег, а потоа екипата со булдожерот тргнува со чистење.

Дури на крајот, кога ќе останат околу 3 метри снег, HTR608 почнува со работа.



Можеби ќе ве интересира

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела