(ВИДЕО) НЕВИДЕН СТУД: Алигаторите во САД замрзнаа

Објавено во: Свет 11 Јануари, 2018
На интернет се појави и снимка од „заробените“ автомобили во ледот на улиците во Масачусетс.
Од парковите во Северна Каролина пристигнаа и снимки од алигаторите. Тие во смрзнатата вода, ги пробиваат муцките низ мразот за да можат да дишат. Според шефот на паркот Shallotte, ова е сосема нормален механизам за преживување на алигаторите во вакви услови.
САД се погодени од зима каква што не се памети, а по 30 години снег падна и на Флорида.
Жител на Масачусетс, Рајан Кенди раскажува дека дел од океанот е замрзнат. Тој додава дека деновиве температурата паднала на скоро -29 степени Целзиусови, кога во просек зимските температури во оваа држава не достигнуваат под -8°C.
Можеби ќе ве интересира
Вијаграта значително го намалува ризикот од канцерогени заболувања

Јужна Кореја ја сопре пограничната пропаганда против Северна Кореја

Пронајден нов начин за справување со Алцхајмеровата болест

Спас за светот: Случајно креиран ензим кој јаде пластичен отпад

Поранешна порно актерка: „Добив закани по животот од Исламска држава“

Првиот посетител на Трамп, Емануел Макрон со симболичен подарок за претседателот на САД
