(ВИДЕО) Невреме ја пустоши Франција, има и повредени
Објавено во: Свет 13 Декември, 2019
Невреме денеска ја пустоши Франција.
Над 220.000 домови се без електрична енергија во југозападна Франција, откако силниот ветер што дува до 140 километри на час, предизвика големи проблеми.
Четири лица се повредени кога дрвја паднале врз нивните возила, од кои тројца во Нев Аквитан.
Дождот и ветрот го погодија во текот на ноќта атлантскиот брег, со јачина од 143 км на час во Милау.
Во текот на ноќта, 400.000 домови останаа без електрична енергија, според компанијата за дистрибуција на електрична енергија Енедис.
Опасност да се случат големи лавини на Алпите има во текот на следните 24 часа, предупредува Метео-Франција.Портокалов аларм е прогласен и на југо-истокот на Корзика, со налети на ветер од 100 до 130 км на час, а на планините и до 160 км/час. Ова го соопшти Француската метеоролошка служба.