(ВИДЕО) Нивниот град е најзагаден, а жителите водат грижа само да се прехранат
Објавено во: Свет 17 Февруари, 2017
Најзагадениот град во светот се наоѓа во Нигерија.
Ова се гледа од податоците објавени од Светската здравствена организација.
Во Онитша лани е забележано просечно загадување од 594 микрограми на кубен метар штетни честички во дијаметар помеѓу 10 и 2,5 микрометри.
Овој град е загаден поради палење на смет, индустриска активност, многу возила.
Сепак, во градот нема интерес да се преземат мерки за подобрување на состојбата.
Податоците на Обединетите нации покажуваат дека околу 600.000 луѓе во Африка секоја година умираат заради проблеми поврзани со загадениот воздух. Но, голем број од луѓето не се ни свесни за загадувањето, па се грижат само како да го прехранат семејството.
Милијарди луѓе ширум светот се изложени на опасен воздух, но степенот на загаденост варира, а најзагадените градови се наоѓаат во Азија и во Африка.
Уште во 2011 година нигериските градови биле меѓу најзагадените во светот.
Високо загадени градови на глобално ниво се Делхи во Индија, Линфен во Кина, Дзержинск, Хазарихаб во Багладеш, Каиро во Египет.