(ВИДЕО) НОВИ 39 СЛУЧАИ: На бродот каде има тројца Македонци расте бројот на заразени од коронавирусот
Објавено во: Свет 12 Февруари, 2020
Се зголеми бројот заразени на крузерот во Јапонија.
На овој брод се наоѓаат и тројца македонски државјани, но бројот на заразени денеска се зголеми на 175 лица.
На патничкиот брод „ Diamond Princess“, кој е ставен во карантин во Јапонија, заразени се уште 39 луѓе, а меѓу нив и еден здравствен работник, информираше јапонското Министерство за здравство.
Здравствениот работник е заразен додека ги прегледувал патниците и екипажот.Кинеските здравствени власти објавија дека бројот на починати од коронавирусот ја надмина бројката од 1.100 лица.