(ВИДЕО) Објавена нова снимка за нападот на 11 Септември
Објавено во: Свет 11 Септември, 2018
Ново видео директно од настанот за тоа како се спасуваат жртвите е објавено по повод 17 години од терористичкиот напад на Светскиот трговски центар во Њујорк.
Снимката го прикажува ужасот од нападите на терористите самоубијци на кулите близначки на 11 септември 2001 година.
Видео материјалите на Марк ЛаГанга, кој работел за Си Би Ес, чиј видео и аудио квалитет е подобрен досега имаат над 600.000 прегледи.
Досега има 1,642 лица официјално идентификувани како ќртви, но се верува дека постојат уште 1.100 настрадани кои се уште не се познати.
Исламистите киднапираа четири патнички авиони со кои ги урнаа зградите на Светскиот трговски центар во Њујорк и го погодија седиштето на американската армија – Пентагон во Вашингтон. Четвртиот авион падна во поле во Пенсилванија по борба меѓу патниците и исламистите.
САД одговрои со напад врз Авганистан, со цел да се урне талибанското движење кое и даваше поддршка на исламистичката група Ал Каеда одговорна за нападите.