(ВИДЕО) Откако направи пустош на Карибите, ураганот Ирма се движи кон друга земја
Објавено во: Свет 07 Септември, 2017
Урганот Ирма направи огромни штети во северниот дел на Карибите, а сега се движи кон Бахамските Острови.
На Карибите загинаа најмалку 10 лица, а илјадници луѓе останаа без своите домови.
Националниот центар за урагани на САД, претпоставува дека Ирма утре и задутре ќе остане со интензитет од четири или пет степени.
Се очекува дека ураганот ќе помине северно од Доминиканската Република и Хаити па ќе стигне до Бахами, а потоа во петок во текот на ноќта ќе помине покрај Куба, по што веројатно ќе се движи на север кон Флорида.
Гувернерот на Флорида, Рик Скот упати апел граѓаните да се подготват за ударот од ураганот Ирма.
Во јужниот дел на Флорида се создава огромен сообраќаен метеж поради тековната евакуација.