05 Мај, 2024
0.0262

(ВИДЕО) ОВДЕ ЛУЃЕТО ЗАМИНУВААТ ЗА ДА НЕ СЕ ВРАТАТ: Шума на смртта привлекува самоубијци, никој не знае зошто!

Објавено во: Свет 09 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Во подножјето на планината Фуџи во Јапонија се крие мрачната и густа шума Аокигахара. Тоа место предизвикува ужас и е познато под името „морето на дрвјата“ и „шума на смртта“ - бидејќи властите таму секоја година наоѓаат околу 100 тела тела на самоубијци.

Официјално, тоа е место на кое Јапонците најчесто извршуваат самоубиство, а зошто тоа е така никој всушност не знае. Можно е да сте слушнале за тоа место, но бизарната традиција некако морала да исчезне. Жртвите повеќе се мажи од средно возрасен период, а интересно е дека самоубиството во таа земја се поврзува со „чесен чин“ - државата има преку 127 милиони жители, а секоја година животот си го одземаат над 30 илјади луѓе.

 

Во шумата која се протега на околу 30 квадратни километри опстојуваат три типа луѓе, велат мештаните. Тоа се планинари, љубопитници, и оние кои не планираат да се вратат од неа. Низ целата шума се поставени знаци кои посетителите ги потсетуваат на тоа, а ренџерите кои се во патрола ги молат посетителите да се вратат откаде што дошле, претпоставувајќи дека таму сакаат да умрат.

На натпис пишува „Животот е драгоцен дар кој сте го добиле од своите родители. Ве молиме да мислите на своите родители и своите деца. Немојте тоа да го држите во себе, не морате да страдате сами“. Подолу се наоѓа број на секогаш отворени телефонски линии за помош кон оние на кои повикот им е бесплатен, а во близина има говорница.

Напуштените автомобили на паркиралиштата се вообичаена глетка, како и отфрлена облека насекаде. Властите оттаму носат преку стотици, повеќе обесени, тела годишно. Таа пракса се повторува уште од 1971 година, а е одлучено од 2000 повеќе јавно да не се изнесуваат бројки на починатите во шума за да не би привлекувале нови самоубијци. Но, ни тоа не донело резултати.

Се верува дека првото самоубиство во шумата го направил будистички свештеник кој сакал да го „исчисти“ телото со изгладнување до смрт. Останатите свештеници го следеле, па настанала и „топ локација“ за умирање. 


Во шумата наводно постојат места каде сончевите зраци не допираат до земјата, а ни ветерот не може да продре помеѓу гранките-што резултира со морничава тишина. 

Се верува дека во шумата некогаш се практикувало и еден обичај, спред кој семејствата таму ги носеле своите најстари членови, како на мир и без оптеретување од другите би умреле. Нивните души наводно денес ги довикуваат психички нестабилните и незадоволни луѓе во шума-како и самите би доживеале слична судбина.

Тие духови ги нарекуваат јуреи, а нивните гревови со жалење наводно предизвикуваат меланхолија кај секој кој стапне во шумата. Демоните наводно се појавуваат во облик на Тенгуа, необични битиа кои се лизгаат помеѓу крошните на дрвата.

Во шумата нема животни, а оловото во вулканското земјиште на тоа подрачје наводно предизвикува дефект на ГПС уреди, па дури и искусните планинари таму лесно може да се изгубат.

Преживеаните од шумата често сведочеле дали таа дословно ги „влече“ на една или друга страна, иако тоа може да биде резултат на необична топографија на тоа подрачје.

Можеби ќе ве интересира

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати