(ВИДЕО) ПАНИКА НА АЕРОДРОМ ВО АМСТЕРДАМ: Се работи за заложничка драма?
Објавено во: Свет 06 Ноември, 2019
Жандармеријата го блокираше аеродромот во Амстердам, а можно е да има грабнување на авион.
Холандската Жандармерија се упати кон аеродромот Шипхол поради „сомнителна ситуација“ во Амстердам.
Извештаите од аеродромот упатуваат на, како што пренесоа локалните медиуми, ситуација која може да има последици по широката популација.
Меѓу патниците на аеродромот може да се чуе дека станува збор за обид за грабнување на авион на летот за Мадрид.Портпаролот на аеродромот Шипхол изјави дека сè уште не може да каже за што точно станува збор и за кој лет, но потврди дека се размислува да се пренасочат другите летови. Шипхол е еден од најфреквентните аеродроми во Европа.