(ВИДЕО) ПЕКОЛНА РАЦИЈА НА ШРИ ЛАНКА: Екстремисти се кренале во воздух кога упаднала полиција, мртви и деца
Објавено во: Свет 27 Април, 2019
Безбедносните сили на Шри Ланка пронашле 15 тела, вкучувајќи и шест деца, во засолниште на екстремистите кои активирале бомби во текот на полициска рација.
Полицијата делувала по анонимна доајва дека во засолниште во градот Самантурај се кријат екстремисти поврзани со нападите на црккви и хотели во Шри Ланка, во кои загинаа најмалку 253 луѓе.
Според зборовите на портпаролот на полицијата екстремистите отвориле оган на полицијата, а потоа активирале три бомби. Запленета е и облека, како и знамиња на Исламска држава. Пронајдени се и дронови, околу 150 експлозивни стапови и 100 000 „железни топки“ и најмалку еден елек со експлозив.
foto: itv.com