(ВИДЕО) Пријателите и колегите го фалат убиениот Американец на Закинтос: Во Грција ќе почнуваше бизнис, никогаш не беше агресивен туку помируваше луѓе
Објавено во: Балкан 11 Јули, 2017
Американецот убиен на Закинтос дипломирал во мај на Универзитетот Аризона и планирал да покрене сопствен бизнис поради што и отпатувал во Грција.
Бакари Хендерсон е претепан до смрт во петокот, а локалните власти уште не ги утврдиле можните мотиви за нападот поради кој се уапсени осуммина лица. Уапсени се Грк стар 34 години, Британец со потекло од Србија стар 32 години, и шестмина момчиња од Србија на возраст од 18 до 25 години.
Објавена снимката од претепувањето до смрт на американскиот турист во Грција
Според зборовите на пријателите и колегите на Бакари Хендерсон бил полн со љубов кон сите и познат по пријателскиот однос, наведува АП.
„Сонувал за тоа да покрене сопствен бизнис да има своја линија на облека.Во Грција снимал кадри кои би му користеле во идната професија“, рекла Алиша Вајт, другарка од колеџот за АБЦ њуз.
Таа додала и дека неговиот позитивен пријателски дух и планови кои ги имал секогаш инспирирале да работи повеќе и посилно.
(ВИДЕО) На Србите обвинети за убиството на Американецот во Закинтос им се заканува затвор од најмалку 10 годиниПријатели на убиеното момче рекле дека Бакари бил љубезна личност која никогаш никој не оптеретувал и дека го очекувала светла иднина.
Пријателот на Хендерсон Тревс Џенкис рекол дека тој никогаш не бил агресивен.
„Беше секогаш тој кој се заложуваше за слога, и ги помируваше луѓето“, рекол Џенкис.