17 Мај, 2024
0.0266

(ВИДЕО) РАСКОЛ МЕЃУ АРАПИТЕ: Шест земји го шутнаа Катар поради врски со исламистите

Објавено во: Свет 05 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Бахерин, Саудиска Арабија, Египет, Обединетите арапски емирати, Јемен и Либија ги прекинаа дипломатските врски со Катар, поради наводите на поддршка која таа земја им ја дава на исламистите.

Според официјално соопштение на Бахерин, потегот бил мотивиран од трајни обиди на Доха да ја дестабилизира ситуацијата во Бахерин.


„Со оглед на инсистирање на државата Катар и понатаму да трае дестабилизацијата на безбедноста и стабилноста во Кралството Бахерин и мешање во нејзините работи, продолжение на ескалацијата и поттик на медиумите и поддржување на вооружени терористички активности...Кралството Бахерин најавува прекин на дипломатските односи со државата Катар“, се вели во соопштението.

Бахерин на Катарските дипломати им даде 48 часа да ја напуштат територијата на царството. Исто така Манама ги суспендираше сите комуникации со Доха и им забрани на граѓаните на Катар да го посетуваат Бахерин.

Неколку минути подоцна, Ријад, Каиро и Абу Даби дадоа слични изјави додека Саудиска Арабија и Египет исто така ја суспендираа воздушната и морска комуникација со Катар.

„Владата на Арапската Република Египет одлучи да ги прекине дипломатските односи со Катар поради постојаното непријателство на Катарските власти кон Египет“, тврди египетското министерство за надворешни работи.


Истовремено, коалицијата која е на чело на Саудиска Арабија најави откажување на катарското учество во воената операција во Јемен, наведувајќи ја поддршката на Доха Ал Каиди и Исламската држава на терористички групи.

Судирот меѓу Катар и нејзините соседи доаѓа недела дена после Арапско исламскиот американски самит во Ријад.

Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји