18 Мај, 2024
0.0310

(ВИДЕО) РАЗБИЕНА Е МЕЃУНАРОДНА КРИМИНАЛНА ГРУПА: Запленет над еден тон прекурзор од кој требало да биде произведен амфетамин вреден над 50 милиони евра

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за недозволена трговија со дрога во соработка и координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Јавното обвинителство на Турција, Царинските служби на Турција и Северна Македонија, како и СЕЛЕК (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа) денеска реализираа меѓународна полициска акција во која на скопскиот аеродром се запленети над еден тон прекурзор за добивање на амфетамински тип стимуланси, класифициран во прва категорија на националната листа на прекурзори, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

 „Прекурзорот бил набавен од страна на македонски државјани од лица од Кина, кој преку Турција пристигнал во Северна Македонија, со крајна дестинација во земји на Европската унија, со цел понатамошно производство на синтетичка дрога амфетамин и метамфетамин“, соопшти Спасовски. Првичната проценка е дека од набавената количина на прекурзорот требало да биде произведен амфетамин со вредност од над 50 милиони евра. Во акцијата се лишени од слобода две лица како дел од меѓународна организирана криминална група, а се преземаат мерки и активности и за приведувања на други лица . „Оваа акција уште еднаш ја демонстрира посветеноста на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, каде бележиме одлични резултати, а со ист интензитет на посветеност продолжуваме и во наредниот период“, рече Спасовски.


Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза