(ВИДЕО) Русите пет години ќе го чуваат мирот во Нагорно - Карабах
Објавено во: Свет 25 Ноември, 2020
Руските мировници ќе останат во регионот Нагорно-Карабах повеќе од пет години.
Еременскиот премиер Никола Пашинјан, верува дека руските мировници ќе останат во областа повеќе од пет години.
Ќе се создадат гаранции за безбедност и стабилност во регионот.
„Но, конфликтот во Нагорно-Карабах продолжува, затоа не верувам дека присуството на руски мировници ќе биде ограничено на еден петгодишен период“, изјави Пашинјан во интервју за ТАСС.
Пашинјан кажа дека ставот на Ерменија во врска со статусот на Нагорно-Карабах останува непроменет.
Пашинјан рече дека статусот на Нагорно-Карабах допрва треба да се утврдува преку процесот на преговори во рамките на групата од Минск на ОБСЕ.
На 9 месецов, рускиот претседател, Владимир Путин, азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, и ерменскиот премиер, Никола Пашинјан, потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на огнот во Нагорно-Карабах почнувајќи од 10 ноември.
Азербејџан соопшти дека неговите сили влегле во вториот од трите окрузи кои во рамки на договорот за кој беше завршен шестнеделниот судир околу регионот Нагорно Карабах треба да му ги предаде Ерменија.
Ерменија се сложи на предавање на трите окрузи околу Карабах – Адхам, Калбаџар и Лачин.
Адхам беше предаден на 20 ноември, а Лачин ќе биде предаден на 1 декември.