(ВИДЕО) РУСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО СИРИЈА: Во воздушните напади секој трет загинат е цивил
Објавено во: Свет 22 Декември, 2015
Сириската опсерваторија за човекови права излезе со податоци дека во руските воздушни напади во Сирија, до сега се убиени 2.132 луѓе, од кои третина се цивили.
Во нападите на Русија до сега имало 710 цивилни жртви, меѓу кои и 161 дете на возраст до 18 години и 104 жени.
Освен тоа убиени се и 598 припадници на Исламска држава и повеќе од 824 борци на Ал нусра фронт, локалниот огранок на Ал каеда, и други бунтовнички групи.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=Gng5WrR_2Gc[/embed]Опсерваторијата соопшти дека само денеска во напади на руските воени авиони во провинцијата Идлиб, во градот Бадама, биле убиени 3 жени од едно семејство, а биле ранети други цивили. Исто така руските авиони извршиле четири напади во ал-Растан, во кои биле убиени тројца цивили, од кои две жени.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/vEkS6D3RG2A[/embed]