(ВИДЕО) Руските трупи го гранатирале театарот во Мариупол, таму се криеле цивили
Објавено во: Свет 16 Март, 2022
Во украинскиот град Мариупол, руските сили денеска грантирале театар во кој се засолнувале стотици цивили.
„Русија намерно го погоди Драмскиот театар, каде што се кријат стотици луѓе“, соопштија локалните власти на Мариупол на Телеграм.
Павло Кириленко, шефот на регионалната администрација на Доњецк, во која е вклучен и Мариупол, рече дека руските сили се обидуваат физички да го уништат градот и луѓето.
Кириленко рече дека извршиле воздушен напад врз „Драмскиот театар“ и базенот „Нептун“. Не се знае дали има жртви. Вели дека Русите лажат дека во театарот бил штабот на Азовскиот полк. Азов е ултра-националистичка милиција која е интегрирана во украинските вооружени сили.
фото Принтскрин