(ВИДЕО) СЕ УРНАА И ЗГРАДИ: Во земјотресот во Турција има 187 повредени
Објавено во: Балкан 17 Октомври, 2024 17:06
Има 187 повредени во земјотресот што го почувствуваа жителите на девет провинции во Турција вчера, а потоа следеа уште 30 потреси. Три згради делумно се урнаа во Малатија, Шанлиурфа и Елазиг, а наставата е прекината. Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди регионот на источна Турција, со епицентар во близина на Малатија. Гувернерот на тој град, Седар Јавуз, во изјава изјави дека се тешко оштетени неколку објекти, но дека нема жртви.
Министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја изјави дека во земјотресот што вчера ја погоди земјата повредени се 187 луѓе, од кои 43 се задржани во болница на опсервација.
Јерликаја изјави дека на терен работат 55 возила, 210 припадници на Агенцијата за справување со катастрофи (АФАД), три беспилотни летала и еден авион за извидување на жандармеријата и полицијата.
Лани во Турција и Сирија на почетокот на годината имаше силен земјотрес, во кој загинаа над 50.000 луѓе.
Powerful #earthquake strikes Turkey's Malatya, one of the cities devastated by February 2023 quakes
— bianet English (@bianet_eng) October 16, 2024
The 5.9 magnitude quake occurred at a depth of 10.07 kilometers. Tremors were felt in nearby provinces. #breakingpic.twitter.com/y6JW6lZxr0
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




