18 Мај, 2024
0.0472

(ВИДЕО) Шилегов за Чулев: Лудак, ненормален!

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, ја префрли одговорноста на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој како што вели тој, не ги заштитил градските редари што вчера беа претепани од диви собирачи на отпад и едниот од нив заврши во шок-соба на КАРИЛ..

Во еден момент на самиот крај од видео-снимката Шилегов на денешниот брифинг за акцијата „спортувај од дома за време на корона“ кога се исклучија камерите за Чулев вели „Лудак, ненормален!“, обвинувајќи го дека не овозможил полициска заштита за градските редари во справувањето со дивата депонија на Вардариште.

„Инспекциските служби на Град Скопје се најдобри, но со непомагањето сака да се девалвира работата на градоначалникот или на СДСМ. Инспекторот е на Интензивна, уште не сум стигнал да го видам“, рече Шилегов пред да го нападне Чулев со погрдни зборови.

- Згрозен сум од Наќе Чулев. Непостапувањето на полицијата во ниту еден од случаите што би ни обезбедиле нормално функционирање. Рече дека нема да казнува, па сега добиваат сила за анархија. Градски инспектори беа нападнати во Вардариште, но евидентирани се напаѓачите од Вардариште. Чулев да престане да се однесува како евтин платеник на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и да ја загрозува здравствената и економската состојба во државата за ситен политички профит. Поведението на полицијата за време на полициски час е недозволиво, рече Шилегов претходно.

Двајца градски комунални редари вчера околу пладне биле нападнати на некогашната скопска депонија Вардариште од засега непознати лица кои таму незаконски депонирале отпад, а еден од редарите се здобил со тешки телесни повреди и бил итно префрлен во Градската општа болница „Св Наум Охридски“.

„Според пријавеното, четири лица со комбе со скопски регистарски ознаки  истоварале шут. Истите додека го истоварале шутот дошле лицата В.Т (1970)  и М. Ѓ (1982) вработени како Комунални Испектори во Град Скопје. Лицата ги нападнале инспекторите, а В.Т е префрлен во ГОБ Наум Охридски. Се работи на расчистување на случајот“, гласеше соопштението на МВР за овој инцидент.


Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци