(ВИДЕО) Силен ветер си „поигра“ со авион кој требаше да слета
Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2019
Силниот ветер во црногорскиот град Тиват си „поигруваше“ со патнички авион при обид за слетување.
На социјалните мрежи се појави видеото од авионот во близина на аеродромот во Тиват, Црна Гора, со кој како што пренесуваат медиумите од регионот, силниот ветер буквално си поигрувал.
Од Аеродромот на Црна Гора за медиумите соопштија дека вчера дури четири авиони биле пренасочени од Тиват кон Подгорица, што е редовна процедура кога дува силен ветер.