(ВИДЕО) СНЕГОТ НАПРАВИ ХАОС: Франција блокирана, возачите заглавени
Објавено во: Свет 30 Октомври, 2018
Силен снег денес паднал во францускиот регион Оверњ-Рон-Алп и соседните регони, јужно и западно од Лион, предизвикувајќи хаос на патиштата но и прекин во напојувањето со струја во скоро 200 000 домаќинства.
Во некои села и градови паднале и до 40 цм снег, а снимки на ТВ покажуваат стотици возила како стојат поради неочекувани врнежи.
Околу 900 камиони биле блокирани во текот на ноќта а неколку стотици возачи ги напуштиле своите возила во потрага за безбедно преноќиште.
Машините за чистење снег се на патиштата, а електродистрибуција се обидува да воспостави нормално напојување со струја.
Метеоролозите ги отфрлаат критиките дека не предупредиле на врнежите, наведувајќи дека укажале оти тие области може да бидат погодени од лошо време поради бурата ширум Италија и на Корзика.