(ВИДЕО) СНЕЖНА БУРА ЈА ПАРАЛИЗИРА АМЕРИКА: Автомобили се судираат на сите страни
Објавено во: Свет 10 Декември, 2018
Снежна бура ги подгоди Северна Каролина и Вирџинија, поради што настанал хаос во сообраќајот, а над стотина луѓе останле без струја.
Поради големиот број на сообраќајни несреќи на патиштата дошло до застој, а над стотина летови се откажани.
Полицијата во Северна Каролина и Вирџинија соопштила дека од неделата се случиле над стотина несреќи.
Гувернерот на Северна Каролина Рој Купер апелирал на граѓаните да не тргнуваат на пат и ги советувал да останат дома „да спакуваат некоој подарок, да ја накитат елката, да изгледаат некој натпревар“.
Во Кинстон, Северна Каролина, петчлен тим на нуркачи трага за возачот на камион кој излетал од патот и паднал во река, пренесе агенцијата АП.
Во поедини делови од Северна Каролина и Вирџинија до неделата во попладневните часови паднале повеќе од 30 цм снег.