(ВИДЕО) Снимка од силниот земјотрес во Венецуела - го почувствуваа и соседите
Објавено во: Свет 22 Август, 2018
Силен земјотрес од 7,3 степени утрово го зафати северниот брег на Венецуела. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 120 километри, а најсилно се почувствувал околу заливот Париа.
Потресот ги затресе зградите сѐ го главниот град Каракас, соопшти американската геолошка агенција.
Земјотресот се случи во близина на градот Карупан и се почувствува и во соседна Колумбија на истокот и до блиските островски држави Тринидад и Тобаго и Санта Лусија на запад и на север. Земјотресот е снимен од многубројни камери на кои се забележува паника и тресење на земјиштето.